(ФОТО) Убиство кое го шокирало Холивуд: Марго Роби споделила прва фотка од себе во улогата на трагично починатата глумица

28-годишната актерка Марго Роби е позната по нејзините фантастични трансформации за улогите.
Холивудската актерка има само 28. години, а зад себе има неколку забележителни улоги.
Станува збор за Марго Роби, која се прослави со улогата во филмот „Волк од Вол Стрит“, а потоа и’ со одличните перформанси во филмовите „Самоубиствен одред” и „Јас, Тоња”.


А наскоро во кината доаѓаат два нејзини филма, со што Марго дополнитено ќе се лансира во филмската ѕвездена орбита – „Mary Queen of Scots” (Марија кралица на Шкотите) и „Once Upon a Time in
Hollywood” (Беше еднаш во Холивуд). Во првиот убавата актерка ќе ја играа кралицата Елизабета I, а во другиот брутално убиената актерка Шерон Тејт.

@MaryQueenMovie #MaryQueenofScots


A post shared by @ margotrobbie on

Станува збор за филмот на режисерот Квентин Тарантин со Бред Пит
и Леонардо Ди Каприо во главните улоги, а дејствието го следи убиецот Чарлс Менсон и неговиот култ, кој бил во нивниот крвав марш во 1969. година,а меѓу другите,ја убиле сопругата на режисерот Роман Полански, Шерон Тејт како и нејзините пријатели со кои таа вечерта се дружела дома.

Работите да бидат уште потрагични, актерката била во 9. месец од бременоста а откако била избодена 16. пати со нож, со нејзината крв убијците го напишале зборот „свиња” на влезната врата. Телото наредното утро го нашла чистачката.

First look. #OnceUponATimeInHollywood @onceinhollywood

A post shared by @ margotrobbie on

Марго неодамна беше на Инстаграм, каде ја следат речиси 15. милиони обожаватели, споделила една фотографија од улогата што ја има, а мораме да признаеме дека сличноста е неверојатна. Филмот во кино салите пристигнува во лето 2019. година,а ние веруваме дека дотогаш ќе добиеме уште подетален увид во она што го очекуваме.

Фото: Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …