(ФОТО) Убиецот на Џон Ленон наскоро на слобода: На сопругата два месеци претходно и рекол дека ќе пука!

До 2016 година, до властите испратил девет барања за условна слобода, но секое од нив било одбиено. Овој месец тој повторно има право да бара да биде ослободен после 38 години…
Медицинската работничка Глорија Хироко Чепман (67), сопруга на Марк Чепмен (62), убиецот на легендарниот Џон Ленон, признала дека знаела дека нејзиниот сопруг ќе го убие Џон два месеци пред трагедијат, пишува Daily Mail.
„Кога слушнав дека во Њујорк имало пукање и дека Ленон бил убиен, веднаш знаев дека мојот Марк е виновен за тоа”, рекла таа за „The Mirror”. Таа додала дека Марк неколку пати планирал да го убие пејачот, а Глорија успеала да го разубеди, по што тој го враќал пиштолот во фиоката.


„Откако прв пат сакаше да го убие, тој се врати дома исплашен.Ми кажа дека се откажал затоа што премногу ме сакал”, вели Глорија.


Таа посочила дека на крајот го убил поранешниот член на “Битлси” за да може неговото име да стане познато во светот. Да потсетиме, пејачот на 8.декември 1980. година, е убиен од поранешниот обожавател,Чепмен, со четири куршуми во грбот, а го налутило тоа што Ленон рекол дека „Битлси“ биле попопуларни од Исус.
Верски фанатик бил осуден на казна затвор во рспон од 20. години до доживотен затвор во американскиот град Алден, а повеќе пати има побарано да го ослободат.
До 2016 година, до властите испратил девет барања за условна слобода, но секое од нив било одбиено. Овој месец тој повторно има право да бара да биде ослободен после 38 години.

„Не е важно колку мојот Марк ќе остане во затвор, ќе го чекам“, вели г-ѓа Чепмен. Таа додала дека нејзината вера нема да и ‘дозволи да го остави сопругот.Двојката се венчала 18. месеци пред Марк да ја убие музичката легенда. Сите нејзини години го посетувала нејзиниот сопруг во затвор, но заедничкото времето што може да го поминат во четири очи е ограничено на 44. часа годишно. Тие тоа време го минуваат во специјална приколка за тие прилики, која се наоѓа во кругот на затворот.
Англиската пејачка Сенди Шо (71) во документарецот „Мојата генерација” од 2017, која зборува за шеесеттите години, тврди дека Ленон сè уште би бил тој беше жив таа да му била сопруга.
„Подобра сум од неговата сопруга, уметниката Јоко. Го сакав Џон и мислам дека требаше да се ожени со мене. Ако го стореше тоа, денес ќе беше жив,јас ќе го заштитев и ќе добиев куршум за него”,вели Шо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …