(ФОТО) Твитер гори поради новите слики на Никол Кидман, нејзините мускули ја однеле наградата

Актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на „Perfect magazine“ и ја покажа својата, како што многумина би рекле, извајана фигура. Секој мускул на нејзиното тело е видлив, а крајната цел на фотографијата е да прикаже силна и стабилна жена во денешната популарна култура – од модниот свет до телевизија, музика… Во рамките на сето тоа од ова списание, актерката ја добила наградата „Совршена икона“.

Во оваа прилика, уредниците на магазинот „Perfekt magazin“ излегоа со официјално соопштение во кое велат дека Никол ја заслужила оваа награда.
„Во време кога валидноста на доделувањето на наградите е доведена во прашање и во спектаклот на црвениот тепих доминираат водители и презентери, сакавме да го вратиме фокусот на јавноста кон оние што ја добиваат наградата“, велат тие.
Никол за таа пригода облекла неколку различни комбинации, а секоја од нив на свој начин ја истакнала фигурата на актерката. Што се однесува до нејзината фризура, огнената црвена перика во комбинација со различни парчиња облека, кои можете да ги погледнете во прилог, го дале последниот шмек на целиот моден едиторијал.
На овие фотографии не останале рамнодушни ниту твитерџиите кои побрзале да го дадат својот суд.
„Апсолутно убава“, „Божица“, „Какви мускули“, се само дел од коментарите.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …