Руската манекенка Ирина Шајк беше еден од главните модели за време на Модната недела во Париз.
Таа на модната писта се прошета во црн фустан од дизајнерот Тери Муглер, а како што можете да видите од приложените фотографии, руската манекенка зрачеше со сексипилност.
View this post on Instagram
Црн мини фустан, длабоки кожени чизми и остар изглед беа составен дел од нејзиниот изглед на споменатата ревија, а сите присутни едноставно не можеа да го тргнат погледот од неа.
View this post on Instagram
Инаку, целата колекција на споменатиот дизајнер се базира на темни, пригушени бои кои на уникатен начин ја слават женската убавина. Во овој поглед, не е чудно што Муглер ја избра Ирина Шајк за своја муза, бидејќи црната боја дефинитивно и прилега.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram