(ФОТО) Трудната манекенка не сака да го дели старателството со тениската ѕвезда: „Не доаѓа предвид!“

Германската тениска ѕвезда Александар Зверев наскоро ќе стане татко, пишува Bild.
Така барем тврди неговата поранешна девојка (27) во едно неодамнешно интервју. „Јас сум бремена 20. недела и чекам бебе со Алекс“, рекла таа.


Но, во моментов седмиот тенисер во светот и моделот не се заедно затоа што раскинале во август по една година врска. Патеа вели дека имале различни погледи на животот. „Секој што живее со спортист мора да го почитува тој начин на живот“, вели таа.
Патеа открила дека не е во контакт со него и дека не сака да го дели старателството со него. „За мене тоа не доаѓа предвид“, рекла таа.



“Детето не беше планирано, но ќе дадам се од себе да го пораснам во хармонично опкружување. За среќа, јас сум во позиција да го воспитам сама”, додала таа.


Инаку, Бренда има скоро 280.000 фанови на Инстаграм, со кои вчера сподели фотографија од трудничкото стомаче.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …