За време на 3Д мапирањето на морското дно, австралиските научници откриле гребен широк 1,5 км и висок повеќе од 500 метри, што го прави повисок од зградата на Емпаја Стејт Билдинг во Њујорк, која има дури 102 ката.
Откриениот гребен се наоѓа на дното на епиконтиненталниот појас, но не е дел од Големиот корален гребен. Горниот дел не е покриен со тврди корали, туку со бројни сунѓери и меки корали, што укажува дека оваа област е богата со хранливи материи што ги носат длабоки водни струи.
Камерата на подводен робот кој го истражувал гребенот покажува дека во него живеат мноштво риби и ајкули.
Научниците од Институтот Шмит веќе неколку години го истражуваат океанот околу Австралија, но ова ново откритие може да им зададе уште една година на истражување.
Во претходните истражувања, тие забележале ретки подводни организми познати како сифонофори, кои можат да бидат подолги од 40 метри, но и други видови што мора да се истражат, како што се црни корали или сунѓери.
Екран.мк/Гардијан