(ФОТО) Трикови да не се заледат стаклата, ретровизорите, бравите, врата… на автомобилот

Не го чекајте утрото да се фатите во костец со заледениот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен ако внимавате на некои работи и направите одредени потези кои тоа ќе го спречат

Тука се одличните осум совети како да не ви се заледат ниту стаклата, ниту вратите, а ниту бравите.


Како да си помогнете ако тоа се случи:

1. Изберете исток. 


Ако имате можност, автомобилот секогаш паркирајте го така што предниот дел од автомобилот ќе биде свртен кон исток. Така првите утрински зраци полека ќе го истопат ледот од шофершајбната.

2 Помогнуваат и’ сапун и алкохол 


Направете течност за одледување на стакла која наутро ќе ја испрскате по ледот. Во шише ставете литар алкохол, 100 м вода и 1 лажичка детергент за миење садови. Убаво изматете. Има уште еден рецепт – во шише со распрскувач ставете алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

3. Заштитете ги бравите од лед

 Тука помага WD40. Вшприцајте го во бравите на автомобилот и нема да се заледат преку ноќ.

4. Многу е едноставно да се спречи заледувањето на вратите

Се’ што треба да направите е гумата околу вратата да ја намачкате со некоја маснотија. Тоа може да биде глуцерин, вазелин, масло за готвење…Тоа направете го штом ќе излезете од автомобилот за да наредното утро без проблем ги отворате вратите.

5. Снајдете се

Ако се најдете среде град, а стаклата ви се заледат, а кај себе немате ниту спреј, ниту топла вода, ниту стругалка – посегнете по кредитната картичка и истругајте го ледот. Тоа ќе оди малку поспоро, но сепак после извесно веме ќе можете да седнете во автомобилот и ќе си одите дома.

6. Чорапи на брисачи! 

Да, добро прочитавте. На брисачите навлечете стари чорапи за да наутро не ги најдете „залепени“ на стаклото. Или, едноставно кренете ги да стојат во воздух па нема да се залепат.

7.Заштита за ретровизори

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да се заледат ако на нив ставите пластични ќесиња. Можете да ги завиткате и со ластиче.

8. Ставете картон на стаклата

Ова е одличен начин на превенција стаклата на автомобилот кои возачите често ги користат воопшто да не се заледат. Наместо картон можете да ставите и стар пешкир.

ВНИМАНИЕ! Заледените стакла никогаш не ги поливајте со врела вода бидејќи можат да пукнат, посебно ако имаат малечки оштетувања, предупредуваат стручњаците. Попаметен избор е млака вода која на стаклото ќе ја нанесете со крпа.

Трикови како стаклата во автомобилот да не се замаглуваат

Сите стакла намачкајте ги со пена за бричење и убаво тријте со хартиени бришачи, се’ додека вишокот не се загуби. Истиот метод можете да го користите и при огледалата во бањата.

Има уште еден трик – стари чорапи наполнете со песок за мачки, врзете ги и оставете да стојат во втомобилот. Тој песок ја собира влагата па така ќе се намали количеството во вашиот автомобил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …