(ФОТО) Трагедија: Модел починал после пад на ревија!

Потресни снимки од ревијата го покажуваат сиот ужас на оваа трагедија…
Моделот Талес Соарес (26) трагично починал за време на Модната недела во Сао Паоло, откако паднал за време на одот по пистата пред публика, пишува Daily Mail. Иако сите биле преплашени и никому не му било јасно што се случува, лекарите соопштиле дека веројатно станува збор за болест која ја имал од раѓање, а која ја предизвикала неговата смрт.


Лекарите сметаат дека Талес имал некоја вродена конгенитална мана, а сведоците кои тоа го гледале за време на модната ревија тврдат:„Се’ се случи толку брзо. Пред излегувањето на пистата го бакна пријателот и излезе самоуверено како и секогаш, а потоа одеднаш само падна“, рекле сведоците.

Иако прво се сомневало на епилептичен напад неговата сестра веднаш ги негирала гласините и рекла дека никогаш не страдал од слични пореметувања и дека редовно одел на лекар. Таа и неговата мајка се слушнале со него пред ревијата и тогаш им рекол дека се чувствува добро.
„Ужасно сме уплашени и скршени поради она што се случи. Тој е навистина здрав, јадеше здраво и редовно вежбаше. Одеше на крос фит и вежбаше јога“, рекла тие.

Сите се во шок од овој настан и сеуште не веруваат дека тоа се случило, а организаторите на ревијата се простиле од младиот модел и порачале колку им е жал дека дошло до ваква необјаснива трагедија…
Тажно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …