Пејачот Тоше Проески беше човек кој ретко се гледа.
Легендарниот пејач Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16. октомври 2007. година, недалеку од Нова Градишка, а денеска би го прославил својот 41. роденден.
Студираше пеење и беше еден од најдобрите студенти, а неговата музичка кариера започна со брз подем кога имаше само 15. години. Иако во тоа време сè уште беше само македонска ѕвезда, неговата публика набрзо се броеше во милиони, во сите земји од поранешна Југославија.
View this post on Instagram
Љубовта кон уметноста Тоше ја наследил од татко му Никола. Таткото по професија бил каменорезец и го следел синот од почетокот на неговата кариера. Неговата слава ја доживувал како најубавото нешто што му се случило во животот. Никогаш не тврдел дека Тоше ќе го достигне врвот, едноставно рекол ‘ова е Божјо дете’.
– Како дете сакаше да биде лекар, но подоцна музиката влезе во неговиот живот – рекол еднаш неговиот татко.
View this post on Instagram
Тоше во своето последно интервју за македонската телевизија си ја отвори душата. Тој објасни дека најмногу концерти и настапи има во Хрватска. На секој концерт, признава, имал свој мал ритуал. Потоа јавно ќе ги поздравел мама, тато и пријателите.
– Би сакал малку да се извлечам од се, но не можам. Машината ме стави, како што велат, во ’барабан’ и готово. Нема враќање назад. Барам враќање од секојдневните интервјуа, од шминкање, од вадење шминка, од пакување. Сè ми е’ до овде. Ме мачи се. Сакам, но не можам да одам на вечера или во продавница – открил тогаш.
View this post on Instagram
За многумина тој тогаш веќе изгледал исцрпено, а некои отидоа и чекор подалеку и напишаа дека пејачот тој ден како да ја предвидел својата трагедија.
Фото: Архива