Светското првенство во Катар ги донесе на трибините најубавите жени на фудбалерите од целиот свет, а ова се само дел од нив.
Светското првенство во Катар трае веќе една недела, а освен игрите, би се рекло дека големо внимание привлекуваат и девојките и сопругите на фудбалерите. Од трибините ги бодрат своите избраници, а не се знае која е поубава.
Сепак, едно е сигурно – се чини дека овој пат голманите успеаја да ги победат играчите, барем кога е во прашање изборот на убавици.
Изабел Гулар
Изабел Гулар е позната бразилска манекенка и поранешен ангел на Викторија, а во медиумите често ја опишуваат како жена со најубаво тело. Изабел со години е свршена за германскиот голман Кевин Трап, кој моментално игра за Ајнтрахт. Ќе биде интересно да се види за кого ќе навива убавата Гулар доколку на Мундијалот има натпревар меѓу Германија и Бразил. На нејзиниот вереник нема да му биде лесно, но Изабела сигурно ќе добие големо внимание доколку се појави на трибините за време на натпреварите.
Ракел Јакоб
Хозе Са ја чуваше мрежата на Вулверхемптон од минатата година, а кога пристигна во Англија од Олимпијакос, неговата избраничка привлече големо внимание. Ракел се прослави како модел, но доби можност и да глуми пред камерите, бидејќи повремено ја повикуваат за улоги во португалски серии, но тоа не е се. Таа неколку пати позирала за познатиот магазин Плејбој. Во меѓувреме, Ракел се сврте кон семејниот живот со три години помладиот чувар на мрежата, со кој има тригодишна ќерка.