По неколку неуспешни обиди, НАСА ја лансираше својата нова мегаракета од Кејп Канаверал на Флорида до Месечината на 16 ноември. Претставници на НАСА велат дека тимовите на мисијата Артемида 1 се воодушевени од однесувањето на вселенското летало Орион на пат кон орбитата на Месечината и се воодушевени од сликите од вселената.
Вселенското летало Орион набрзо стигна до орбитата на Земјата, а потоа 87 минути по лансирањето изврши таканаречена транслунарна инјекција за да се движи кон Месечината.
Десет дена по лансирањето, леталото Орион влезе во орбитата на Месечината.
Директорот на летот во вселенскиот центар Џонсон на НАСА, Џад Фрилинг, рекол дека членовите на тимот на мисијата Орион се воодушевени од однесувањето на леталото и додал дека контролорите на летот се воодушевени од сликите што стасале од леталото.
Why the Moon? There is still much to explore, and the focus for #Artemis is the lunar south pole. The region’s unique characteristics hold promise for scientific discoveries that could help us in venturing farther into the solar system.
LEARN MORE >> https://t.co/SwZTyzSSF0 pic.twitter.com/U30U1esIG2
— NASA_SLS (@NASA_SLS) November 27, 2022
Ракетата ги разнела лифтовите
„Што се однесува до самите контролори на летот, тие се апсолутно изненадени од одличното видео што можат да го добијат од вселенското летало Орион“, рекол Фрилинг. „Плус, знаете, тие се среќни што целата напорна работа и посветеност во текот на многу, многу години навистина се исплати.
Програмскиот менаџер на Орион, Хауард Ху, рекол дека тимот видел „навистина добри перформанси од леталото и тие се многу задоволни“.
„Денес беше одличен ден“, додало Ху. „Ние доаѓаме секој ден и не се чувствуваме како на работа. Тоа е едноставно фантастично. Сакам да ги слушнам информациите што доаѓаат од вселенското летало, да научам за леталото и да бидам возбуден за тоа што го правиме. И едноставно е одлично. Јас секој ден имам широка насмевка на лицето.
Менаџерот на мисијата Артемида 1, Мајк Сарафин, на брифингот на тимот рекол дека лансирната рампа 39Б во вселенскиот центар Кенеди претрпела голема штета за време на лансирањето на вселенското летало. Иако се очекувале големи штети, сепак има значителни оштетувања на објектот. „Системот на лифтот во моментов е во прекин“, рекол Сарафин. „Ја имавме најмоќната ракета на светот и притисокот практично ги разнесе вратите од нашите лифтови“.
Фото: Архива