Британката Даниел Фримен ја открила својата тешка животна приказна. Имено, во 2019. година мислела дека е мамурна, но набрзо дознала дека всушност има тумор на мозокот.
„Бев во Мекдоналдс и одеднаш почнав неконтролирано да врескам. После тоа паднав на подот. Моето момче и работник на Мекдоналдс ми помогнаа да се освестам. Бев целосно несвесна за тоа што се случи. Сега знам дека станувало збор за напад кој меѓу другото, предизвикува грчеви во мускулите и губење на свеста. Тоа траело повеќе од две минути“, рекла таа.
Докторите најпрво и рекле дека тоа се случило затоа што консумирала премногу алкохол и дека треба да престане.
„Се чувствував лошо. Како јас да сум виновна за тоа што ми се случи”, рекла таа.
После тоа, таа повторно излегла во ноќен провод, но го следела советот што и го дал докторот: не испила повеќе од четири алкохолни пијалаци, а меѓу нив пиела вода. Следното утро момчето и кажало дека имала нов напад, но овој пат тоа го доживеала во сон.
„Мислев дека сум мамурна. Сепак, не почувствував полоши последици“, рекла таа.
Резултатите од магнетната резонанца покажале дека нејзините напади не биле предизвикани од пиење алкохол. Тоа всушност бил тумор на мозокот со големина на грашок. Таа првично одбила операција и користела лекови за да ги контролира нејзините симптоми.
Сепак, на крајот на 2020. година, туморот почнал да расте брзо. Потоа почнала да го губи видот, па сепак решила да го оперира. Моментално е на хемотерапија.
„Вежбам пет дена во неделата. Хемотерапијата ме прави уморна, но генерално се чувствувам многу подобро”, заклучила таа.
Фото: Принтскрин/PA Real Life