(ФОТО) ТАЖНО – БЕШЕ НА ВРВОТ НА СЛАВАТА КОГА И СТАСА СТРАШНАТА СУДБИНА: На познатата пејачка ЛОШАТА БОЛЕСТ секој ден и го претворал во ПЕКОЛ!

Кајли Ен Миног, најстарото дете на поранешната манекенка и танчерка Керол и сметководителот Рон, е родена на 28. мај 1968. година во Мелбурн. Нејзиниот брат Брендан бил снимател, а нејзината најмлада сестра Дени била пејачка.
– Кога имав осум години, ги носев моите пријатели во собата, каде што се облекувавме во облека за забава и ги слушавме хитовите на бендот Abba. Користевме метли во замена за микрофони – се присетува Кајли во едно интервју, додавајќи дека била фасцинирана од Оливија Њутн Џон, најголемата австралиска поп ѕвезда од седумдесеттите.

This image has an empty alt attribute; its file name is kajli-minog.jpg
Дени и Кајли уште како девојчиња се пријавувале за разни шоуа, а иако во тоа време се чинело дека Дени е поталентиран, Кајли Миног сепак стана светски позната. Тоа не го промени нивниот однос бидејќи отсекогаш биле блиски.
– Понекогаш се чувствував виновна, иако немаше причина за тоа. Разговаравме за тоа и се функционира одлично меѓу нас. Отсекогаш знаев дека ќе дојде нејзиното време. Ја поддржувам – објаснила Кајли и гордо се навраќала на периодот на нејзиното растење.
– Моето семејство не беше богато и немаше истакнат социјален статус. Татко ми работеше две работи. Доаѓам од скромно опкружување, но работната етика ни го донесе она што ни треба и никогаш не сме почувствувале дека нешто ни недостасува – додала таа.


Откако пред 33. години го објави синглот „The Locomotion“, кој стана еден од најголемите хитови на 80-тите, Кајли не престанува да работи. Таа се врати на голема врата во 2000-тите со албумите „Fever“ и „Light Years“, а песната „Can’t Get You Out of My Head“ е една од најпопуларните од почетокот на новиот милениум. Досега има продадено над 70. милиони копии од нејзините албуми ширум светот, но патот до врвот не бил секогаш лесен.

This image has an empty alt attribute; its file name is kajli-minog-4-880x1024.jpg
Лекарите и дијагностицирале рак на дојка на Миног кога имала 36. години, во 2005. година. Таа поради своето здравје го откажа вториот дел од светската турнеја, па веднаш заминала на лекување. Таа била во болницата во Мелбурн, а медиумите го следеле секој нејзин чекор. Во тоа време, дури и поранешниот премиер на Австралија, Џон Хауард, испратил порака за поддршка на познатата пејачка. Цел свет беше со неа, а Кајли таа година беше на операција. Таа по операцијата во Франција ја продолжила хемотерапијата, а кога ракот почнал да се повлекува, пејачката била на лекување уште неколку месеци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …