Иако МРТ, како и до сега, не известува за ништо што се случува со македонскиот претставник за „Песна на Евровизија 2019“, а новости секако има…
Сигурно сте се чуделе како се работат сите оние бројни разгледници за секоја земја учесничка…а ги има 43.
Па, македонската претставничка, Тамара на својот профил на Инстаграм ни ја разреши таа дилема.
таа објави фотографии од нејзиното прво одење во Тел Авив…
…а потоа и за причините зошто била…
„Прекрасно си поминав додека ја снимав Евровизиската разгледница. Големо благодарам за целиот тим кој направи да се чувствувам многу добредојдена. Горда сум што сум дел од ова неверојатно патување…“, напиша Тамара во описот на фотографиите од снимањето на македонската разгледница.
Да потсетиме Тамара на 16. мај на евровизиската сцена во Тел Авив, Израел ќе не претстави со „Proud“…
Фото: Инстаграм
Г.О.