(ФОТО) Тајната ќерка на Владимир Путин: Мајка и е милионерка а била чистачка!

Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин е строго чувана тајна, што дополнително ја интригира јавноста. Затоа, не е премногу изненадувачка веста, што се појави во медиумите, дека Путин наводно има ќерка со чистачка која станала милионер и сопственик на ноќен клуб познат по „еротски настапи“.
Девојката е родена во 2003. година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека тој сè уште бил во брак. Нејзината мајка е наводно претприемачка, Светлана Кривоногих, чистачка која станала милионерка.
Иако фотографиите на сега 17-годишната девојка не се објавени, британскиот таблоид Сан пренесува дека експерт за софтвер од Универзитетот во Брадфорд видел фотографија од наводната ќерка на Путин и проценил дека девојката неверојатно личи на Путин.

Тајно дете со чистачка – милионерка
Руската страница „Проект“ прва ја објавила приказната за „тајното дете“ на Путин и ја потврдило со извадоци од книги на летање, каде може да се види дека Кривоногих често го следела Путин за време на неговите патувања во 90-тите години.
Кривоногих, која сега има 45 години, е акционер во Руската банка и сопственик на центарот Ленинград, ноќен клуб познат по „еротски перформанси“.
Експертот за софтвер во Брадфорд, Хасан Угаил, за „Сан“ изјавил дека споредил фотографии од Путин и неговата наводна ќерка и открил дека сличноста помеѓу нив двајца е поголема од 70. проценти.



Приватниот живот и здравјето на Путин се’ повеќе се тема во руските медиуми. Неодамна имаше извештај дека рускиот лидер има здравствени проблеми поради кои наводно ќе се повлече од политичкиот живот, што Кремљ веднаш го демантираше.
Претходно медиумите објавија дека руската гимнастичарка и олимписка натпреварувачка Алина Кабаева родила близнаци. Кабаева (37) не е видена во јавноста од 2018. година, кога наводно била во вториот месец од бременоста.

Девојчето е „мал Путин“
Путин и Кривоногих наводно се зближиле кон крајот на 90-тите години на минатиот век. Таа тогаш работела како чистачка и живеела во социјален стан во Санкт Петербург. По средбата со Путин, таа се преселила во ексклузивна вила во тој град.
Нивната врска завршила кога Путин започнал да се гледа со Кабаев, која сега е претседател на медиумска компанија блиска до Кремљ.



Кога портпаролот на Путин, Димитриј Песков бил запрашан за односот на Путин со Светлана Кривоногих, Песков одговорил дека никогаш не слушнал за неа и дека не знае ништо за тоа.
Еден од авторите на текстот во „Проект“, Андреј Захаров, веднаш одговорил: „Никој не се грижи дали Песков ја познава Светлана Кривоногих… го прашаа дали Путин ја познава“.
Путин никогаш не го коментирал неговиот приватен живот. Познато е дека во периодот од 1983. до 2013. година тој беше оженет со Људмила Путин, со која има две ќерки. Кабаева никогаш не била спомнувана, а Кривоногих, која наводно има деловни згради и инвестиции во Москва, Санкт Петербург и Сочи, вредни 102 милиони долари, досега беше целосно непозната за јавноста.
Захаров рекол дека тие намерно не објавиле фотографии од ќерката на Путин, иако колегите и пријателите ги молеле, но тој рекол дека девојчето е „мал Путин“.


„Како прво, ова не е приказна за неа. И под два, таа е таа што треба да одлучи дали е подготвена за публицитет, а не ние“, додал тој.
На социјалните мрежи нема фотографии од мајката и ќерката. Поранешната љубовница на Путин, наводно, е близок пријател на Јуриј Ковалчук, олигарх и главен акционер на Руската банка, на која Западот и воведе санкции во 2014. година, по воената анексија на Крим.
Ковалчук, познат под прекарот „банкар на Путин“, работи со Националната медиумска група, чиј претседател е Кабаева и каде има плата од 80.000 долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …