Сателитските снимки објавени на Фејсбук откриваат дека земјата во Петриња пропаднала повеќе од 10 сантиметри поради разорниот земјотрес.
Снимките на Фејсбук ги објави Ален Берта, инженер за шумарство и консултант во меѓународната компанија CGI, која се занимава со наљудување на планетите.
„Сателитите ја покажуваат вистинската скала на катастрофата. Споредување на сликите на радарскиот сателит Sentinel 1 од 18.12. и 30.12. гледаме дека земјата западно од Петриња се приближувала кон сателитот за 44 см во најизразениот дел, додека самата земја на Петриња пропаднала (подалеку од сателитот) за 10 до 30 см. Овие области имаат радиус од 10 километри. Сепак, во појасот опкружен со линијата Поповача, Суња, Костајница, Двор, исто така, забележуваме поместување од неколку сантиметри, што сепак беше фатално за многу куќи оштетени од војната и времето“, напишал Берта.
„Ова движење на почвата е во поголем обем отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години. Само да потсетам дека во земјотресот во Загреб, земјата се помести само неколку сантиметри во самиот епицентар, додека во самиот град беше неколку милиметри“, се вели во соопштението.
Фото: Facebook/Sentinel1