(ФОТО) СРЦЕТО ТОА ТРЕБА ДА ГО ИЗДРЖИ – ДВЕ ТРАГЕДИИ ВО ИСТИ ДЕН: Македонската презентерка ја загуби мајката, а на истиот датум пред осум години и почина и’ сопругот кој беше познат актер

Животот е непредвидлив и суров, тежок колку и убав, а тоа на своја кожа и тоа како го искуси Гордана Ѓорчева, познатата ТВ-презентерка која со години е заштитно лице на националниот сервис…
Таа со емотивна посвета се прости од својата мајка која почина на ист датум како и нејзиниот сопруг, актерот Бранко Ѓорчев.
„Мамичке моја, зар мораше во ист ден со Бранко. Неможно е, неможно е. Не можам да прифатам“, напиша таа.
Подоцна објави и фотографија со нејзините родители под која дополни:
„Убавица моја! Се надевам дека сега сте конечно заедно на некое поубаво место. Само тоа ќе ни биде утеха, прекрасни наши родители. Огромна болка!“


Ѓорчева која пред осум години го изгуби сопругот, неодамна изјави дека по трагедијата повторно се радува откако стана баба.


„ Моментот кога првпат го кренав во раце Вања јас не можам да го опишам. Само во себе си реков: Боже ова е дете на моето дете. Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Вања е за мене ангел кој ми дава крилја да летам. Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување“ – раскажа таа.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …