(ФОТО) Со својата одлука Меган Маркл и принцот Хари уште еднаш ги разбесниле Британците

Според извори блиски до кралското семејство, принцот Хари и Меган Маркл нема да ја крстат својата ќерка Лилибет Дијана во Велика Британија, туку во Калифорнија, во Епископската црква.

Лилибет Дијана е родена во Санта Барбара на 4. јуни, второ дете на принцот Хари и Меган Маркл, со кои членовите на неговото семејство се уште немале можност да се сретнат. Јавноста се надевала дека војводата и војвотката од Сасекс ќе пристигнат овие денови во Лондон, бидејќи на 19. октомври била закажана приватна вечера за сите донатори кои помогнале во изработката на статуата на принцезата Дијана, на која ќе присуствува и принцот Вилијам, но тоа сепак нема да се случи.


View this post on Instagram


A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)


Исто така, се верувало дека отпадничката двојка ќе го крсти своето второ дете во замокот Виндзор, и дека во таа прилика кралицата Елизабета Втора конечно ќе се сретне со своите правнуци. Но, добро информирани извори тврдат дека парот веќе го организирал крштевањето на малата Лилибет Дијана во Америка, во тамошната Епископска црква.
Сето ова, меѓу другото, покренало некои прашања, дали тоа значи дека кралицата никогаш нема да се сретне со правнуката именувана по нејзиниот прекар од нејзините помлади денови.

Инаку, кога станува збор за Епископската црква во Америка, која е дел од светската англиканска заедница, таа ја предводи владиката Мајкл Кари, кој стана светска сензација откако во 2018. година одржа 14-минутна проповед на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари во капелата на св. Џорџ во Виндзор.

Ако Лилибет се крсти во Епископска црква, за неа автоматски ќе значи дека не е член на Англиската црква, но вратата нема да биде целосно затворена за неа, всушност и се нуди можност да се придружи кон неа доколку посакува еден ден да се врати во Велика Британија.

Инаку, Меган Маркл посетувала католичко средно училиште, но се крстила и добила света потврда во Англиската црква на приватна церемонија што ја одржал архиепископот од Кантербери Џастин Велби, кој во 2019 година го крстил и малиот Арчи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски

Денес, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци, со почеток во 18:00 часот, ќе …