(ФОТО) Славната тенисерка за болеста:„Како да ме удри автобус!“

Каролина Возниацки, поранешната најдобра тенисерка во светот, отворено проговори за здравствените проблеми што ја натераа да стави крај на кариерата.
Во 2018. година, неа и беше дијагностицирана автоимуно заболување, ревматоиден артритис, кој ги напаѓа зглобовите, кожата, очите, срцето и крвните садови.
Како што изјави, своите први проблеми ги почувствувала на турнирот во Монтреал пред две години.
„Ден по тричасовниот натпревар се разбудив со страшна болка по целото тело. Како да ме удри автобус и истовремено добив мононуклеоза “, рече Возниацки.


View this post on Instagram

Trying to stay fit in retirement! Empty gym! Let’s go!! 💪🏻


A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on


Поранешната данска тенисерка продолжи да игра, и покрај нејзината дијагноза, а потоа го освои турнирот во Кина.
„Само моето семејство знаеше за болеста. Покажав, и покрај сè, дека сум способна за големи работи “.
На завршниот Мастерс, Возниацки објави дека има болест, таа продолжи да игра, но се повлече по турнирот во Мелбурн.

„Се обидувам да живеам нормално, имам болки, спијам повеќе, избегнувам стрес, одам на масажи. Тешко е, но јас сум навикната на болки“, заклучила Возниацки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …