(ФОТО) СИТЕ ВАЛКАНИ ПОТЕЗИ НА АНГЕЛИНА И БРЕД: Околу старателството се води лавовска битка, а бившите сопружници воопшто „не играат“ фер!

Ангелина Џоли и Бред Пит сè уште доживуваат сериозни проблеми со старателството над нивните шест деца. Имено, во јавноста се појавија бројни „валкани“ потези, а странските медиуми „брујат“ за нив.
На пример, минатата година, Ангелина, наводно, планира да употреби прилично компромитирачко видео од нејзиниот поранешен – во алкохолизирана состојба. Кавгата што се случила во авионот непосредно пред да се направи видеото, се смета за пресврт за актерката да се одлучи за барањето за развод. Иако видеото никогаш не било откриено, неименуван извор за еден локален магазин во тоа време изјавил дека станува збор за клучен адут со кој планирала да го уништи поранешниот сопруг.


Бред, од друга страна, воопшто не и останал должен – тој, наводно, подоцна тврдел за таблоид дека има видео од поранешната сопруга на кое се гледа дека е дрогирана. Неговиот тогашен сојузник, како што се наведува понатаму, бил нејзиниот поранешен дилер кој бил подготвен да ги открие деталите за наводната борба на Ангелина со зависност, што ќе ја чини губењето на старателството над децата.



Еден од последните, но не помалку интригантни потези што Џоли решила да ги искористи во оваа четиригодишна борба за старателство над шесте заеднички деца, наводно, бил штрајкот со глад за кој одреден локален магазин пишувал пред околу еден месец. Изворот тогаш посочил дека Ангелина гладувала поради целата ситуација со Бред, па сите околу неа биле загрижени за нејзиното здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …