(ФОТО) Сите „најубави мажи“ паднаа во сенка: Внукот на принцезата Дијана бил најдобар „фраер“ на кралската венчавка!

Иако за време на нивната венчавка сите очи биле вперени во Меган Маркле и принцот Хари, многумина кои внимателно набљудувале не можеле да не го забележат атрактивниот младиќ окружен со три жени. Станува збор за прв братучед на принцот Хари, 24. годишниот Луис Спенсер, син на вујко му, братот на починатата принцеза Дијана.
Луис Спенсер (24) односно виконт Алторп, како што му е титулата, од црквата до местото за свечениот ручек се прошетал во друштво на три дами – својата мајка Викторија Ејкен и сестрите,лејди Елајза и лејди Кити Спенсер, а за својот изглед, токму како и неговите сестри може да заблагодари на добрите гени.

Little us ❤️❤️❤️❤️ #tbt


A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer) on


Пред да се омажи за помладиот брат на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер, Викторија била манекенка. По нејзините стапки тргнала и Кити, која веќе станала омилен модел на модната куќа „Долче&Габана“.
Британскиот аристократ е сон на многу девојки ширум светот, а особено во Велика Британија, бидејќи освен добриот изглед и угледното семејство од кое потекнува, дипломирал на Универзитетот во Единбург.Според последните податоци засега во неговиот живот нема жена која го привлекла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …