(ВИДЕО+ФОТО) Утре почнува „Валандово фест“:Ретроспектива и 19. нови песни

По пауза од една година, поради забраната на ЗАМП на изведување песни од македонски автори, оваа година, повторно во мај ќе се одржи годинешното издание на „Фолк фест Валандово“.
Фестивалот ќе има две вечери и тоа на 24-ти мај:Ревијална вечер и на 25. мај – Натпреварувачка вечер.
Првата вечер ќе биде во знакот на најголемите хитови отпеани на фестивалот од најизведуваните композитори, Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис.
На ревијалната вечер ќе бидат изведени 16 популарни песни од поранешните фестивалски изданија на „Валандово“, а ќе настапат доајени, но и помлади реномирани пејачи од македонската музичка сцена, како: Виолета Томовска, Перо Христов, Нино Величковски, Петар Нечоски, Благица Калева, Душко Георгиевски, Анета и група „Молика“, Јордан Митев, Кирил Митоски, Елена Велеска, Влатко Лозаноски – Лозано, Мите Стоилков, Машката пејачка група на „Танец“, Јовица Наумчевски…
25. мај:Натпреварувачка вечер.

Втората вечер е со натпреварувачки карактер, а ќе бидат изведени 19 нови песни од реномирани авторски имиња, во изведба на популарни пејачи и неколку млади пејачки имиња.
19 новокомпонирани македонски народни песни, испеани од најголемите ѕвезди на македонската и регионална музичка сцена, вклучувајќи и спектакуларно музичко шоу на легендата на босанскиот севдах и балканската народна музика, Ханка Палдум.
Во двете фестивалски вечери песните ќе бидат изведени во живо, во придружба на голем фестивалски оркестар. И’ оваа година ќе бидат доделени три награди, според гласовите од телевоутингот и стручната жири-комисија. Од организаторот, Општина Валандово, велат дека наградите се примамливи, но сепак не се наведува паричниот износ за кој е извесно дека сепак не е 20.000 евра, како што беше пред три години, кога Министерството за култура почна да ги спонзорира наградите.
Фолк фест Валандово ќе се пренесува директно, на програмите на МРТ, со почеток во 20.30 часот


Фолк Фест Валандово 2018


Најава: Фолк Фест Валандово 2018

Gepostet von Општина Валандово am Mittwoch, 16. Mai 2018


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ Камерон Дијаз се појави на црвениот тепих: Дошла во фармерки и не остарела ниту ден

Камерон Дијаз се врати на црвениот тепих по петгодишна пауза. Ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ билаолицетворение …