(ФОТО) Симболи со посебно значење: Која е тајната на фустанот на Џулија Робертс со кој го шармираше Лондон?

Џулија Робертс и Џорџ Клуни се омилен тандем на романтични комедии. Во новата романтична комедија „Карта до рајот“ која се прикажува во кината, тие повторно се појавија заедно пред камера, што уште повеќе ги израдува фановите.
Џулија и Џорџ се долги години пријатели, а не го криеја задоволството што повторно работат заедно. Тие привлекоа големо внимание неодамна на премиерата на филмот во Лондон, особено фустанот на Џулија. Таа се појави во долг црн фустан кој беше украсен со сребрени симболи.

Сите се прашуваа што е значењето на овие симболи. Станува збор за иницијалите на актерката, нејзиниот сопруг и трите деца, годината кога го запознала Даниел Модер и кога се омажила за него, како и годините кога ги добиле децата. Многумина биле воодушевени од фактот што и во вакви моменти Џулија мисли на своето семејство, таа им е лојална и благодарна за сета поддршка што и ја даваат во работата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …