(ФОТО) Силвестер Сталоне за 35 милиони долари купил рај на земјата

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне, најпознат по улогите во „Роки“ и „Рамбо“, не штеди ниту за време на пандемијата. Тој одлучил да потроши дел од своето богатство на имот во Палм Бич, Флорида, што е популарна дестинација за богатите. Популарната „снагатор“ купил вила веднаш до морето, и за неа платил околу 35. милиони долари.
Луксузната вила е дизајнирана така што има поглед кон морето и е заштитена од несакани погледи. Се простира на 1.230 квадратни метри и има седум спални соби, десет бањи, бројни простории за дружење, а погледот кон океанот е неизбежен.
Актерот таму ќе живее таму со неговата сопруга Џенифер Флавин и ќерките Систин, Софија и Скарлет.

Покрај вилата во која ќе престојува Сталоне, тука е и куќата за гости која е веднаш до базенот сместен на имотот. Покрај тоа што купиле имот во еден од најлуксузните делови на Флорида, покрај нив се наоѓаат и славните соседи – Џон Бон Џови, Род Стјуарт, Хауард Стерн, како и Доналд и Меланија Трамп.


На почетокот на годината Сталоне ја продаде куќата во Ла Квинта во Калифорнија за 30. милиони долари, што е за скоро десет милиони помалку отколку што првично платил за тоа. Тој сакал да ја продаде за повеќе, но немал купувачи се додека не ја намалил цената. Во тоа време, негови соседи биле Кание Вест, Ким Кардашијан и Кајли Џенер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …