На 16.февруари е уапсен раперот Пабло Хасел кој се забарикадирал во универзитетот за да избегне затворска казна.
Каталонската полиција влегла на Универзитетот во Леида и го привела еден ден откако пристигна таму со приврзаниците.
На Хасел му се заканува казна затвор од девет месеци за величање на тероризмот и клеветење на круната и државните институции со твитови и текстови што ги напаѓаат монархијата и полицијата.
Тој требало да се предаде минатата недела, но се спротивставил на наредбата.
View this post on Instagram
Скоро два часа откако полицајците од полициските сили Мосос отишле рано во вторникот, Хасел бил одведен извикувајќи „никогаш нема да нè замолчат, смрт за фашистичката држава“.
Тој бил одвезен во блискиот затвор Понет, каде што ќе започне да ја издржува казната, се вели во извештаите.
View this post on Instagram