(ФОТО) ШОК ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА МАРК СЕЛИНГ: Бившата го обвинила за силување, го прогонувале и за педофилија – го нашле обесен на дрво!

Марк Селинг, поранешна sвезда од серијалот „Гли“, имал обид за самоубиство во 2017 година. Во таа прилика, актерот си ги пресекол вените, по што бил примен во болница. Откако бил проценет од психолог, тој бил пуштен на слобода, но имало сомневање дека со овој потег само се обидувал да си ја намали штетата од казната со која се борел – имено во 2015. година пред јавноста се појавиле обвинувањата за педофилија.
Сепак, следниот обид бил фатален – актерот бил пронајден мртов на околу 10 километри од неговиот дом во Лос Ангелес. Телото му висело од дрво.


Инаку, тоа не биле единствените демони со кои се борел Марк. Поточно, неговата поранешна девојка Роксана го обвинила за силување во 2013 година, што се случило откако таа во март 2011 година одбила сексуален однос со него. Таа на крајот се откажала од тужбата, а тој и платил обесштетување.


Тој исто така бил осомничен за силување и во април 2016 година кога неименувана жена го обвини за грозоморниот чин од 2012. година. Сепак, поради немање докази, таа беше отфрлена половина година подоцна, и, како што таа истакнала во тоа време, четири години немала сила да го пријави.


Обвинувањата за педофилија се појавиле во 2015 година, кога неговата тогашна девојка нашла грозоморни фотографии и снимки на неговиот компјутер и го пријавила во полиција. Иследниците откриле дури 50.000 фотографии и снимки од детска порнографија, плус уште 4.000 на тврдиот диск, а странските медиуми објавија дека некои од жртвите биле стари само три години.


На првото појавување на суд, актерот ги отфрлил сите обвиненија. Сепак, тој се изјасни за виновен на крајот на годината и бил осуден на пет до седум години затвор со трајно следење во наредните 20 години, како и забрана за контакт со лица под 18. години, пристап до училишта, паркови и јавни базени.


Актерот исто така бил регистриран и како сексуален престапник.
Пресудата со која спогодбата требало да биде потврдена требало да се одржи на 7. март 2018. година, при што странските медиуми наведуваа дека тој се согласил на секоја до жртвите да и исплати по 50.000 долари. Сепак, потоа следел првиот обид за самоубиство, аподоцна и вториот кој завршил кобно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …