(ФОТО) Шенон Доерти објавила шокантни детали за нејзината болест: „Ракот се прошири на мозокот“

Американската актерка Шенон Доерти на социјалните мрежи сподели шокантни детали за нејзината битка со ракот на дојката во четврта фаза, кој се проширил во мозокот.

View this post on Instagram

A post shared by Decider.com (@deciderdotcom)


„КТ скен на 5 јануари 2023 година покажа метастази на мозокот. Вчерашното видео го покажа процесот на ставање на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. Првиот круг на зрачење започна на 12-ти јануари. Мојот страв е очигледен. Јас сум исклучително клаустрофобична и многу работи се случуваат во мојот живот. Среќна сум што имам одлични лекари како Амин Мирахди и медицинските техничари во болницата Седарс-Синај, но тој страв… Промените… Времето што ќе дојде… Вака може да изгледа ракот“, изјавила таа во описот на снимката.


Таа претходно изјави дека пишува проштални писма и снима пораки за нејзиното семејство. Таа ја подготви облеката во која сака да биде погребана.
„Подготвив фустан кој го добив од една од моите најдобри пријатели пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам да останам во најдоброто сеќавање на сите. Во последните месеци се обидувам да поправам некои грешки, да им се извинам на луѓето што ги повредив свесно или несвесно. Се трудам да го живеам животот максимално и да уживам во малкуто време што ми преостанува“, рекла таа.
Таа во јануари годинава по 11 години брак се разведе од режисерот Курт Исвариенко откако дозна дека ја изневерил.


Фото:Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …