„Дури и на оние на кои најмногу им верував, на крајот се сомневав“
Принцот Хари повторно се најде на суд во родниот Лондон. Тој го тужеше издавачот на весникот Mirror Group за наводно незаконско собирање приватни информации преку хакирање телефони, измама и користење на приватни истражители, меѓу другото.
За време на речиси 2 дена лично сведочење, Хари исто така објави изјава од 55 страници што самиот ја напишал. Тој открил шокантни детали во текот на првиот ден од сведочењето, а тоа продолжи и на вториот ден.
Во еден момент, тој разговарал за плановите со покојната ТВ водителка Керолин Флак во куќата на пријател во Лондон пред многу години. Тој сакал тоа да биде „соодветно и приватно“, но дека бил „шокиран и лут“ кога нашол фотографи кои го чекаат кога тој пристигнал во станот.
„Со оглед на фактот дека тројцата знаевме за планот, јас бев многу сомничав и убеден дека некој ја доставил информацијата до медиумите“, рекол принцот Хари. Единствените луѓе кои наводно знаеле биле тој, Керолин и неговиот пријател Марк.
View this post on Instagram
„Бев лут. Никому не кажав. Очигледно имав сомнежи за Керолајн, но дури ја изгубив и довербата во Марк. Брат ми и јас престанавме да разговараме со него некое време, бидејќи едноставно не можевме да разбереме како приказните за нашата приватна средба со него завршија во весникот или како фотографите завршија пред неговиот стан“, објаснил принцот во судот.
„Сега верувам дека оваа информација дојде од нашите говорни пораки, на Марк и на Керолајн. Влијанието што овие приказни го имаа врз моите врски не може да се потцени. Дури и на оние на кои најмногу им верував, на крајот се сомневав“, изјавил Хари.
Фото: Принтскрин/Instagram (монтажа)