51-годишната Џули Ловинг си го родила внучето. Имено, оваа жена се согласила да биде сурогат мајка на нејзината ќерка Брен Локвуд, откако не успеала да остане бремена.
Среќната вест Брен ја објави на Инстаграм.
“Мајка ми издржа многу тешко пораѓање. Жртвата што ја даде за да го донесе ова парче рај на светот ме остави без зборови. Прекрасно е да ја држам ќерка ми во раце. Чувствувам дека ќе направам се за ова бебе, исто како што направи мајка ми за мене“, напишала емотивната Брен.
„Начинот на кој мојата мајка ме сака и несебичноста што ја има е чиста и искрена. Мајка ми и бебето се одлични”, додала 28-годишната млада жена која претрпела разни операции и медицински помагала за оплодување.
View this post on Instagram
Бебето го добило името Бриар Џулиет Локвуд, а таа е биолошко дете на Брен и нејзиниот сопруг Арон.