Корона вирус во Македонија: Интерните клиники се ставаат во функција на лекување и ковид пациенти

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.
Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.
Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …