Актерот Сајмон Бејкер фатен на плажите во Австралија!
Австралискиот актер Сајмон Бејкер (52), најпознат по улогата во серијата „Менталист“, е фотографиран на плажа во родната земја.
Еден од најпознатите австралиски актери го помина денот минал во уживање и џогирање покрај брегот.
Иако има 52. години, актерот се уште ја одржува формата.
Актерот беше во центарот на вниманието на медиумите во јануари 2021. година, откако стави крај на 22-годишниот брак со колешката Ребека Риг (54) со која има три деца, ќерката Стела и синовите Клод и Хари.
„Ние остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе останат нашиот најважен фокус“, изјавија тие за магазинот People во тоа време, но според Fox News, тие всушност сде разделиле девет месеци порано, во 2020. година.
View this post on Instagram
Актерот за People во 2018 година изјавил дека тој и Ребека никогаш не ја прославувале годишнината од бракот.
Сајмон и Ребека се запознале на почетокот на 90-тите, а се венчале во 1998. година по пет години заеднички живот.
Само еден месец по разводот, актерот е виден во друштво на мистериозна бринета како разменува нежности. Неколку месеци подоцна беше јасно дека тоа била модната дизајнерка Лора Меј Гибс (36) кога актерот ја потврдил врската.
View this post on Instagram
Сепак, таа романса не траела поради малку бизарна причина.
Се шушкаше дека актерот ја оставил затоа што учествувала во протестите против вакцинацијата против корона вирусот, но дизајнерката ги демантираше тие тврдења.
Вистинската причина за раскинувањето не е објавена во јавноста, а парот последен пат е фотографиран во август 2021 година.