(ФОТО) СЕ ИМА СЕ МОЖЕ – Сталоне со своите четири дами ужива на јахта во Далмација: Задоволството го чини само 133.000 евра неделно!

Моментално петчленото семејство се „усидрило“ северозападно од Шолта, а ќерката Систине на социјалните мрежи објавува како семејството го минува слободното време.
Глумецот Силвестер Сталоне (72) неодамна пристигнал во Сплит со сопругата Џенифер Флавин (50) и ќерките Систине (21), Софија (22) и Скарлет (17). Американската ѕвезда одморот го минува на Јадранскиот брег на јахтата „Меира“ чие изнајмување за една недела чини 133.000 евра.


Моментално петчленото семејство се усидрило на островот Дрвеник Вели, северозападно од Шолта, а ќерката Систине на социјалните мрежи објавува како семејството го минува слободното време. „Меира“ е една од најлуксузните јахти од Хрватска, направена е во 2018. година и е долга 55, а широка 10. метри.


Освен што има шест кабини кои се опремени со бањи, ЛЕД ТВ, куќен кино систем и големи ормани, на јахтата има и сауна и соба за масажи.

Систине на својот профил на Инстаграм открила уште една предност на јахтата, а тоа е водениот тобоган долг неколку метри на кој нејзиното семејство го минало попладнето во средата. Нејзините обожаватели забележале дека на нивната јахта, освен семејството, се наоѓа и млад маж кој се дружи со Систине, а се шушка дека станува збор за нејзиниот дечко.

Исто така, освен воден тобоган, тука бил и глисерот, џет ски, опрема за кану, нуркање и риболов. Додека не е сезона цената на наем е 105.000 евра, а кога е сезона 133.000 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …