Тропските горештини не парализираа: Еве до кога ќе се бориме со високи температури

Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.
Денеска, во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.
Минималните температури денес ќе се движат од 11. до 20. степени, а максималните од 28. до 36. степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32. степени.


Во сабота минималните температури ќе се движат од 12. до 21. степен, а дневните од 29. до 37. степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12. до 20., а дневните од 30. до 38. степени. Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13. до 22. степени, а дневните од 31. до 39. степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13. до 21. степен, а дневните од 31. до 38. степени. Пад од неколку степени ќе има во среда за кога се прогнозираат максимални 31. степен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …