(ФОТО) РОДЕНА ВО 1907.- ПОЧИНАЛА НАЈСТАРАТА АМЕРИКАНКА: Имала 115 години, ги надживеала своите деца, а ова е нејзината ТАЈНА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА

Беси Хендрикс, најстарата жена во Америка, починала на 115-годишна возраст, објавија локалните медиуми.
Беси официјално беше најстарата личност во САД и четврта најстара во светот, според Геронтолошката истражувачка група.
Таа починала во вторникот во центарот за медицински сестри Шеди Оукс во Лејк Сити, Ајова.


Беси е родена на 7. ноември 1907. година и надживеала две од нејзините пет деца, а нејзиното најстаро дете имало 90. години.
Својот последен роденден го прославила во дом за стари лица, а кога наполнила 110. години изјавила дека тајната за долг и успешен живот е напорната работа, пренесуваат американските медиуми.
Во моментов, најстарата личност на светот е Французинката Лусил Рандон, која има 118 години.
Инаку, најдолговечна личност досега беше и Французинката Жан-Луј Клемент, која почина на 122-годишна возраст во 1997 година.

Фото: Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …