(ФОТО) Рецепт на денот: Пастицио

Кој не ја пробал оваа комбинација наш совет да ја проба бидејќи е фантастична
Потребно е:
500 г. мелено јунешко месо (може и мешано)
150 г. фета сирење(може да послужи и некое друго, жолто)
2 големи домати (или конзерва пелати)
2 модри патлиџани
1 поголема главичка кромид
500 г. тестенини – пене
500 мл. млеко
50 г. брашно
50 г. путер
маслиново масло
оригано, сол, црн пипер и цимет (не смее да се изостави)
Подготовка: на маслиново масло диснатајте го кромидот, додајте го месото, сол, црн пипер, 1 лажичка оригано и 1 лажичка цимет.
Во друг сад на маслиново масло динстајте ги модрите патлиџани, излупени и исечкани на коцки, додајте ги доматите и динстајте додека се’ не омекне.
Измешајте го месото со смесата од модри патлиџани и домати.
Тестенините сварете ги и исцедете.
За бешамелот на путер пропржете брашно, залијте со млекото и сварете сос, а во малку изладен додајте на коцки сечено сирење.
Половина количество од сварените тестенини измешајте со месото и модрите патлиџани, а втората половина со бешамелот, со тоа што 1/4 од сосот оставите за поливање.
Во соодветен сад ставете го прво тестото со месо, израмнете, па ставете го тестото со патлиџаните и по површината истурете го одвоениот бешамел.
Ставете во рерна загреана на 200. степени и печете околу 40. минути.
Можеби ви се чини дека има многу работа, но се исплатува бидејќи количински излегува многу.Никако не го изоставувајте циметот бидејќи тој е главна состојка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …