(ФОТО) Рами Малек би требало да глуми во идниот филм за Џемс Бонд

Од улогата на легендарниот музичар Фреди Меркјури, наводно, Малек би требало да стане главен негативец во идниот филм за најпознатиот светски таен агент…
Откако минатиот викенд ја освоил наградата Оскар во категоријата на најдобра машка улога во филмот „Боемска рапсодија“,на глумецот Рами Малек (37) му се пружила уште една прилика.


Имено, од улогата на легендарнито музичар и фронтмен на „Квин“, Фреди Меркјури, Рами би требало да стане уште еден неименуван негативец во идниот филм за Џемс Бонд.
Како што донесува Collider, Малек е во завршни преговори за да глуми во новото продолжување на најпознатата франшиза за најпознатиот таен агент.


Веќе порано имало одредени гласини дека „фрла око“ на следниот злосторник во Бонд, но распоредот за снимање за завршната сезона на „Господин Робот“ тоа не му го дозволувала.
Филмот кој ќе го режира американскиот режисер Кери Јоји Фукунага (41) со продукција би требало да започне оваа пролет, а во кината ќе почне да се прикажува на 10. април 2020. година.


Оваа вест за новиот филмски ангажман пристигнала само три дена откако Малек го освоил својот прв Оскар за улогата во филмот „Боемска рапсодија“, а во емотивниот говор и се заблагодарил на мајката и се присетил на починатиот татко. Низ солзи им се заблагодарил на колегите глумци.
„Благодарен сум им на сите кои веруваа во мене“, рекол Малек кому таа иста улога нешто порано му донесе и Златен глобус.

Од друга страна,се дознава дека Лупита Нијонга би можела да биде новата Бонд девојка, но останува да почекаме да почне продукцијата па да ги дознаеме сите актери во новиот Бонд.
Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …