(ФОТО) Рафаел Надал става крај на ергенскиот живот: Шпанецот се жени а младенците избрале каде „ќе се заколнат“ на вечна љубов!

Како што јавуваат шпанските медиуми, но и сајтот rafaenadalfans.com, Рафа оваа есен ќе се ожени со долгогодишната девојка Марија Франсиска Перелјо.
Рафа и Циска се забавуваат уште од 2005. година, кога таа имала 16. години, а тој го исчекувал полнолетството, пишува „Hola”.


Се свршиле во мај минатата година, а се’ до сега плановите за венчавка ги држеле во тајност.
Надал, 32. годишниот шпански ас (на 5.јуни ќе наполни 33. години), досега за одлагање во влегување во брачните води со оправдувал со „исклучително големите напори во професионалната тениска кариера“.
„Мислам дека е најважно да се има квалитетна грижа за децата. А не знам дали ми е баш идеално толку да патувам во текот на годината и да имам деца“, рекол неодамна Рафа.



Извори блиски до парот велат дека тие не се заинтересирани да водат класичен живот на познати личности. Нивното заедничко време е резервирано по завршувањето на тениските обврски на Рафа, а и тој често истакнувал дека на турнирите му е потребен простор само за себе
Шпански „Hola” во новиот број ексклузивно ја донесува веста дека Рафаел Надал се жени! Шпанскиот тенисер и неговата свршеница Марија Франсиска Перелјо ќе се венчаат на есен во Мајорка.

Циска студирала во Палма де Мајорка, после што се преселила во Лондон, каде паралелно студирала бизнис менаџмент и англиски јазик.

Поради потребите да не биде пред камерите и фото објективите со години ја нарекувале „девојка до сенка“. А таа од година во година потврдува дека е најголема потпора и безрезервна поддршка на Рафа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …