(ВИДЕО+ФОТО) Вака не гледаат во Европа – Северна Македонија:Тамара Тодевска избрана за Евровизија 2019

„Македонскиот национален сервис, МКРТВ интерно ја избра Тамара Тодевска да оди во Тел Авив на Евровизискиот избор за песна за 2019. година. За неа тоа ќе биде четврти настап на евровизиската сцена, пишува на официјалниот сајт за Евровизија 2019. година.


Потоа ги набројуваат сите настапи на Тамара Тодевска на евровизиската сцена – во 2004 со Тоше Проески, 2008 била дел од триото – Тамара, Врчак и Гаџа, потоа на Евровизија 2014. година и се придружила на сестра и Тијана како придружен вокал…“


Северна Македонија не забележала поголеми резултати на Еуросонг. Најдобриот резултат им бил со Елена Ристеска со темата „Нинанајна“ во 2006. година кога завршила на 12. место.


Северна Македонија првпат учествувала на Песна на Евровизијуа во 1998. година, а има учествувано 18. пати. Тие никогаш не биле последни а само 5. пати успеале да се пласираат во финалето од 15. пати откако во 2004. година се воведени полуфиналните вечери. Последните 10. години само еднаш успеале да се пласираат за големото финале и тоа Калиопи во 2012. година со „Црно и бело’.

Пишува на официјалниот сајт на годинешниот извор за „Песна на Евровизија“.
Во продолжение ви ги донесуваме пласманите на сите учесници на Македонија на ова музичко натпреварување.

Пред два дена во Тел Авив беше одржано извлекувањето на учесниците на двете полуфинални вечери. Македонија ќе се рпетстави во второто евровизиско полуфинале.

Фото: Евровизија 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …