(ФОТО) ПРВИОТ МИЛИОН ГО ЗАРАБОТИЛА НА 6. ГОДИНИ! Освоила 85. титули за најубаво девојче: Кога ќе ме прашаат дали сакам што сум богата…

Изабела Барет живеела во екстремен луксуз како шестгодишно дете. Имала џепарлак од 25. илјади фунти неделно, вечерала јастог и имала на располагање личен возач.
Таа денес има 15. години и веќе е милионерка, но не само поради фактот што нејзините родители се богати, туку и поради сопствените заслуги. Изабела лансирала своја колекција на облека и накит откако се појавила во американското хит шоу „Toddlers and Tiaras“.


Поранешната мисица во детските категории во својата натпреварувачка кариера освоила 85. титули и 55. круни, а се уште се занимава со манекенство. Таа неодамна прошетала по модната писта како дел од модната недела во Њујорк. Во таа прилика таа открила и дека основала сопствен бренд „House of Barretti“ и додала дека иако овој нејзин проект е вносен и успешен, имало и грешки. Така и пропаднал бизнисот со плишаните мечиња.
„Имам линија на накит која ми донесе милион долари, имам линија на облека која ми донесе милион долари. Но, сепак се дружам со моите пријатели, одиме на џет ски”, изјавила оваа тинејџерка.
Неодамна добила своја чековна книшка која ја прославила на луксузна забава за која потрошила 69. илјади фунти.

View this post on Instagram

A post shared by Isabella(Bella) Barrett (@isabellabarrett123)


„Заработувањето милиони сама ми отвори многу врати, но најважно ми е убаво да се забавувам“, истакнала таа.
Изабел вели дека како девојче имала скромни амбиции и дека сонувала да стане учителка, дури и кога го заработила првиот милион, а се уште не го завршила основното училиште. Откако го напуштила светот на детските натпревари за убавина, таа станала успешен претприемач со голем број линии за нега на кожа и мода, а истовремено се занимава и со моделинг за различни брендови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …