(ВИДЕО) Дали би можеле да живеете во стан од САМО ДЕВЕТ КВАДРАТИ? ТикТокерка покажала како се снаоѓа!

Со поскапувањето на киријата многу луѓе се одлучуваат да живеат со цимери или да живеат во помал простор, но една девојка отишла чекор понатаму, па живее во стан од само 9. метри квадратни.

@shump_ it’s small but i LOVE it #parisliving #apartmenttour #apartmenttourparis #paris ♬ As It Was – Harry Styles


Таа на својот профил на TikTok објавила видео во кое го покажала секој агол од нејзиниот мал простор во Париз.
Таа објаснила дека секоја работа има свое место, дека ништо не и недостига и дека толку мал стан всушност и е убав.
Станот има и мини кујна со фрижидер и тоалет, како и туш, мијалник, кревет, гардероба, па дури и работна маса.
Таа може да ја види и Ајфеловата кула на далечина од нејзиниот стан, но вели дека е повидлива во зима, кога лисјата паѓаат од дрвјата под нејзиниот прозорец.
Нејзиното видео досега е прегледано речиси 3. милиони пати, а други корисници на TikTok рекле дека станот е едноставно премал и наликува на „убаво украсена затворска ќелија“.
Рекла и дека киријата за нејзиниот стан е од 600. до 700. евра месечно.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …