„Кога бев помлада и се натпреварував, беше тешко да се најдат чевли и облека за тинејџери за таква пригода, бидејќи сè беше премногу формално, непријатно и неудобно за носење. Затоа направив линија за деца и тинејџери, дури и за возрасни, што тие може да носат на снимањата и кои веќе имаат свој развиен бизнис“, ја објаснила својата деловна визија.
View this post on Instagram
На прашањето дали повеќе сака да биде богата или славна, Бела одговорила:
„Да се биде познат, затоа што на тој начин запознавам пријатели. Не секогаш се работи за пари, туку за запознавање нови луѓе и за забава. Навистина е забавно бидејќи многу патувам и запознавам многу пријатели”.
Изабел е популарна и на социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 1,6 милиони луѓе.
„Се чувствувам одлично и знам дека сите се угледуваат на мене, а тоа е голема одговорност. Моите обожаватели ме сакаат, ми велат дека сум навистина кул и убава, нема ништо што не ми се допаѓа во тоа што сум славна“, вели таа.
Мајката на Изабела, Сузана, истакнала дека нејзината ќерка навистина ги носи само најскапите работи, но затоа што семејството го цени квалитетот. Одговорила и на критиките затоа што и дозволила на ќерка си да се шминка на толку мала возраст.
„Луѓето ме прашуваат како можев да и ја облечам таа облека за натпреварот, да ја пуштам да се шминка и да се дотерува, но мислам дека завршив одлична работа; нејзините манири се беспрекорни. Таа ја сака својата работа. Сакам да биде она што таа сака. Како мајка, тоа е се што сакате за децата – да бидат среќни“, заклучила Сузана.
Фото: Принтскрин/Instagram