(ФОТО) Прва фотографија од Тара Ѓоковиќ: Јелена се приклучи кон трендот и покажа како ја дои ќерката!

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на популарниот тенисер, Новак Ѓоковиќ, прв пат објавила фотогарфија од ќерката Тара.
На фотографијата се гледа како Јелена ја држи Тара во прегратка и ја дои.Со тој чин, Јелена се приклучи кон трендот на јавно доење на што многу славни мајки инсистираат со пораката – дојте го вашето дете бидејќи нема ништо подобро од мајчиното млеко.
На фотографијата е и Пјер, една од трите пудлици кои ги имаат Јелена и Новак.
Новак и Јелена Ѓоковиќ на 2. септември станаа родители по втор пат, а пред неколку дена го прославија и’ третиот роденден на својот син, Стефан.
Инаку, Тара е родена во велелепниот болнички комплекс „Грејс Кели“ во Монако.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …