(ФОТО) ПРОСЛАВИЛЕ БОЖИК – Северина после долго време на Инстаграм објави фотографија со синот Александар

Не е лесно да се биде Северина – мајка и пејачка која својот роден син го гледа само со специјални деозволи…
По долго време, Северина на својот Инстаграм профил објави фотографија со 10-годишниот син Александар, кој го доби во бракот со Милан Поповиќ.
„На божиќно утро, сонливо и долго…“, навела во описот на фотографијата која ја коментирале нејзините многубројни обожаватели и пријатели.
„Среќен и благословен Божик. Поминете го во љубов со вашето дете и да имате уште многу вакви моменти“, напишал еден корисник на Инстаграм.
„Целата љубов на овој свет е во ваши раце“, е исто така еден од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Потсетуваме, на Северина судот и забрани да објавува фотографии од Александар на социјалните мрежи за време на битката за старателство. Отпрвин ја почитувала забраната, а потоа решила повеќе да не го крие своето дете.
„На Гугл можете да го видите министерот Божиновиќ како гордо позира со својата внука, а премиерот Пленковиќ со децата во Ватикан и претседателот Милановиќ со своите деца. Тие можат, немаат социјална служба Максимир што вели дека е штетно за децата. Но, ако им наштетам на децата, штетни се и тие и сите што објавуваат слики од децата!?! А јас одбивам да се гордеам со син ми. Татко му на секој начин се обидуваше да ме спречи да бидам мајка, дури и со тоа што забрануваше фотографии. Исти закони за сите, не само за нив!Поздрав“, напиша таа летово.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …