(ФОТО) ПРОПАДНАТАТА ЅВЕЗДА НА ДИЗНИ ТАЈНО СЕ ОМАЖИЛА: Пороците ја уништуваа, но среќата ја нашла покрај него!

АМЕРИКАНСКАТА актерка Линдзи Лохан (36) на својот Инстаграм профил ја сподели радосната вест со своите фанови.
Имено, Линдзи објави слика со својот партнер Бајдер Семс (35) и открила дека се венчале.
– Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, во исто време. Среќна сум што си ти мој сопруг. Мојот живот и моето се. Секоја жена треба да се чувствува вака покрај својот сопруг – напишала под објавата.

Следбениците и обожавателите и испратија голем број пораки по повод тајната венчавка, но и нејзиниот роденден. Имено, заедно со венчавката, Линдзи го прослави и својот 36-ти роденден.
„Навистина ме израдува“, „Ти посакувам многу среќа“, „Искрена љубов“, „Среќен роденден и среќна свадба“, се само дел од коментарите кои ги напишале нејзините фанови.
Двојката се запозна во 2020. година, а веќе во ноември 2021 година објавиле дека се вериле.
Се чини дека Линдзи конечно најде стабилна рака, а да потсетиме, пред само неколку години таа беше на лош глас во Холивуд.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …