(ФОТО) ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ И КЕЈТ МИДЛТОН ОБЈАВИЈА ЧЕСТИТКА ЗА ПРАЗНИКОТ: Се разликува од сите претходни, а еве ја приказната која се крие зад тоа!

ПРИНЦОТ Вилијам и Кејт Мидлтон на социјалните мрежи споделија фотографија која е дел од овогодинешната божиќна честитка, а таа вклучува и една далечна авантура.
Имено, оваа фотографија е направена за време на одмор во Јордан, а кралското семејство позира во пустински пејзаж. Принцот и војвотката носат неутрални маслинови тонови, додека принцот Џорџ на фотографијата има маскирна кошула.
Принцезата Шарлот и малиот принц Луис избрале слични нијанси на сино за фотографијата, а принцот и војвотката под фотографијата напишале:
– Драго ни е што можеме да споделиме нова семејна фотографија која е дел од овогодинешната божиќна честитка.

Инаку, Јордан е многу важно место за семејството. Кејт Мидлтон живеела таму две години со своето семејство, како дете, додека нејзиниот татко работел за British Airways. Како член на кралското семејство, принцот Вилијам го посетил Јордан, кој е дел од Британскиот Комонвелт од 2018. година, пишува „Вог“.
Оваа честитка се разликува од традиционалните семејни честитки од претходните години, од кои повеќето се снимени во нивниот дом.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …