(ФОТО) Принцезата Шарлот повторно во центарот на вниманието: Сцена која родителите добро ќе ја разберат!

Децата од кралското семејство не можеле да го пропуштат прелетувањето на авионите на британското воено воздухопловство, во рамките на воената парада во чест на 92. роденден на кралицата Елизабета II.
Принцезата Шарлот и принцот Џорџ,на балконот на Бакингамската палата, меѓу последните,ги извел дедото Џорџ.
Во еден момент настанал метеж, како и секогаш кога на едно место ќе има повеќе деца. Неспретната принцеза Шарлот малку повеќе се наведнала во текот на гледањето на авионите, малку ја загубила рамнотежата, се лизнала и скоро паднала.

Мајките инстинктивно, во секој момент, со едно око „гледаат“ на своите деца па така и Кејт, додека сите го гледале прелетувањето, веднаш забележала што се случува и го спречила паѓањето.
На преплашеното девојче и потекле солзи, и почнала гласно да плаче, а се смирила дури кога дошла во прегратката на мајка си.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …