Пријанка Чопра е индиска филмска актерка, пејачка и текстописец. Пред да ја започне својата актерска кариера, таа се стекна со слава како Мис на Индија и Мис на светот во 2000 година.
Во 2018. година, таа започна да се забавува со американскиот актер и пејач Ник Џонас. Јавно ја признаа својата врска, а се верија во август 2018.. Долго време се зборуваше за нивната венчавка. Свадбената церемонија била извршена според обичаите на двете семејства.
На почетокот на годината, парот стана родители со помош на сурогат мајка. Од раѓањето на девојчето, Пријанка ја чува приватноста за себе, не откривајќи многу за нејзиното потекло.
View this post on Instagram
– Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека добивме дете преку сурогат мајка. Ја бараме вашата приватност во ова посебно време бидејќи сме фокусирани на нашето семејство. Ви благодарам многу, напишала Пријанка.
Актерката овој пат објави нови семејни фотографии, криејќи го лицето на својата ќерка.
View this post on Instagram
– Љубов, мир и благосостојба на сите. Од срце преплавено со благодарност, на сите ви посакувам многу среќен Дивали. Жал ми е што малку доцнам, но решив да уживам во моментот само уште малку.., напиша Пријанка во описот на фотографиите по повод традиционалниот индиски празник познат и како „Фестивал на светлината“.
За време на овој петдневен празник луѓето ги осветлуваат куќите и продавниците.
Фото: Принтскрин/Instagram