(ФОТО) Преубави градови кои до 2030. година би можеле да бидат под вода

Глобалното затоплување е една од горливите теми на глобално ниво, а сепак, тоа не е очигледно за секого и толку јасно пред очите, можеби затоа што тие не се најдиректно засегнати од последиците. Меѓутоа, доколку сте во град кој би можел да биде под вода за помалку од 10. години, сигурно добро би размислиле за овој проблем.
Сајтот Climate Central се занимава токму со такви теми и прави мапи кои покажуваат кои градови би можеле да бидат под вода поради зголемувањето на нивото на морето и океаните. Мапите се засноваат на податоци за загадувањето, зголемувањето на температурите и промените во нивото на водата и предвидуваат што може да се случи доколку не се случат големи промени. Се разбира, има многу варијабли во играта и се надеваме дека тоа навистина нема да се случи, но овие градови би можеле да бидат во сериозна неволја.

Амстердам


View this post on Instagram


A post shared by Explore Amsterdam🇳🇱 (@amsterdam.explores)


Цела Холандија е многу блиску до нивото на морето, а тоа особено важи за Амстердам, Ротердам и Хаг. Тие се познати по системот на канали, наводнување и одбрана од поплави, кои се многу важни, а се чини дека допрва ќе играат важна улога. Веруваме дека Холанѓаните прават многу анализи и ги подобруваат своите системи и дека ќе се справат со овој проблем.

Њу Орлеанс

И покрај тоа што лежи на брегот на заливот, градот се чини дека е многу позагрозен од трите околни езера. Има одбранбени системи без кои ситуацијата веќе би била полоша, па очигледно е дека функционираат.
Меѓутоа, како град кој веќе претрпел многу неволји и природни катастрофи, Њу Орлеанс мора по секоја цена да спречи уште една ваква ситуација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …