МЗ информира за условите под кои ќе може да се влегува во објекти – само со сертификати!

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре 15 ноември 2021 година за влез во објекти, е потребно:

сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или


– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани , што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …