ИСПОВЕД – ПАР ПОСЛЕ 9. ГОДИНИ ОТВОРИЛ СВАДБЕН ПОДАРОК: Тетка им им рекла да го прочитаат писмото дури кога првпат ќе се скараат, а ова се нејзините ЗБОРОВИ!

Кети и Брендон Ган од Мичиген се венчале во 2007. година, а тој ден од нејзината тетка на подарок добиле плик, на кој таа им рекла „да го чуваат клучот за спас на бракот“.
Но, заедно со него, младенците добија строги упатства од тетка Алисон пред речиси 9 години – да не го отвораат до првата голема кавга. И иако парот се скарал безброј пати, пликот на тетката лежел неотворен и заборавен, а Кети во Фејсбук групата „Love What Matters“ објаснила:
„Се сетив на денот на мојата венчавка пред речиси девет години, па размислував кои свадбени подароци за мене имаат посебно значење“.
Таа објаснила како се сеќава дека нејзиниот подарок лежи неотворен во плакарот. Таа и нејзиниот сопруг, како што рекла, мислеле дека во пликот има обичен клуч кој симболично би го спасил бракот.


Неодамна, парот конечно го отворил мистериозен подарок кој содржел две пораки, по една за двајцата.

„Кети, оди земи пица, ракчиња или нешто друго што и двајцата го сакате. Тетка Алисон”, пишувало на листот упатен до неа, а за него бил сличен совет од мудрата тетка:
„Брендон, оди земи ги цвеќе и шише вино. Тетка Алисон“.
„Девет години тој плик стоеше на полица и собираше прашина, но сепак некако не научи на толеранција, разбирање, компромис и трпение“, рекла Кети, која, како што вели, сфатила дека она што е потребно за да се одржи силен и здрав брак никогаш не било во пликот, туку во себе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …